По предлогот на oбвинителството на Босна и Херцеговина, Судот му одреди едномесечен притвор на претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир, како и на останатите четири лица, приведени во акцијата „Патриот“.
Будимир е уапсен во петокот и е осомничен за примање мито и кршење на законот за помилување.
Со оглед на тоа дека со таквите постапки ја загрозил БиХ и го нарушил угледот на земјата, Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреден едномесечен притвор за уапсените.
На оваа одлука на судот можно е да се поднесе жалба во рок од 24 часа.