Од први јануари минималната плата се зголемува на 10.080 денари


Од јануари повторно се зголемува минималецот.  Премиерот Груевски вчера информираше дека ќе се исполни ветувањето дадено пред граѓаните. Газдите во сите индустрии освен од текстилната и кожарската , од следната година не смеат да исплатат пониска плата од 10 080 денари.broenje denari pari mk

Законот за минимална плата почна да се применува пред 3 години кога висината на минималецот беше утврдена на 8050 денари.Оттогаш државата етапно го зголемува износот. Покачувањето започна од март лани кога минималецот се зголеми на 8800 денари месечно. Годинава имаше зголемување на 9590.

Кај текстилните работници и кожарците поради специфичноста на дејноста минималната плата е пониска а усогласувањето ќе трае подолго.

Казните за оние работодавачи кои не ги почитуваат измените се движат од 8 до 9 000 евра за фирмата и од 4 до 5 000 за одговорното лице во неа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1