Во сообраќајната несреќа кај Белград во која вчера пет 19-годишни момчиња ги загубија своите животи, автомобилот Ауди А3 се движел со бризина од 220 километри на саат, при што удрил во бетонскиот дел од обиколницата, кој е затворен за сообраќај.
Лука Бојовиќ, Петар Илиќ, Томислав Савиќ, Џуро Роквиќ, додека петата личност не е идентификувана.Момчињата, како што пренесе српскиот Ало, се враќале од роденден, момчињата jа заобиколиле бариерата за забрана за поминување на автомобили, по што удриле во бетонската ограда.
– Момчињата биле на роденден во Белград, по што се упатиле кон Нови Сад. Со автомобилот го заобиколиле недовршениот пат, кој сеуште не бил асфалтиран и со огромна брзина удриле во бетонскиот дел. Зошто возеле баш по недовршениот дел од патот не е познато, но изгледа за тоа одлучил алкохолот, изјавил за „Ало“ извор близок до истрагата, која сеуште е во тек.