Од септември и предвремено пензионирање?


Предвремено пензионирање е опцијата која би можеле да ја добијат работниците заедно со законското право за доброволно продолжување на работниот стаж за три години. За ова на предлог на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) се разговарало на завчерашната седница на Економско социјалниот совет, а според претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, има начелна согласност од министерот за труд и социјална политика, пишува Вечер.

82270_penzioneri-01-foto-s-pasalic-polozena_fСе уште не е дефинирано дали оваа идеја ќе се реализира преку измена на закон или со подзаконски акт и колку години порано ќе може да се замине во пензија, а се размислува за период од најмногу три или пет години. Се очекува предвременото пензионирање да почне да се применува уште од крајот на септември годинава. Она што се знае е дека во таквите случаи пензиите ќе бидат на товар на работодавачите, а не на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, односно работодавачите ќе ги плаќаат пензиите за предвремено пензионираните работници до периодот додека остварат право на старосна пензија.

– Со предвремено пензионирање би биле опфатени работниците кои работат во тешки услови, на висина и слично. За ова сме разговарале уште пред една година, на иницијатива на УСЈЕ, каде што просечната старост на вработените е 60 години, а работат тешки работи. Идејата ја поддржуваат градежниците, но и банките, кои сакаат да се ослободат од постарите работници кои тешко се снаоѓаат во работата со компјутери и на нивно место да вработат млади – објаснува Димитров.

Тој додава дека оваа идеја е широко прифатена од работодавачите, меѓу другото и затоа што за пензии ќе плаќаат помалку отколку за плати и придонеси за постарите работници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1