Судот пресуди – На овие луѓе Путин им должи 50 милијарди долари


Постојаниот Арбитражен суд во Хаг вчера му стави крај на еднодеценискиот процес покренат од акционерите на поранешниот нафтен концерн „Јукос“ и ~ наложи на Русија да им исплати обесштетување од 50 милијарди долари, пренесува „Русија денес“.

Во официјалната одлука објавена вчера се вели дека Русија ја прекршила Европската енергетската повелба кога го редистрибуирала имотот на компанијата и презела чекори што се еквивалент на експропријација на инвестициите на тужителите во „Јукос“. Сумата што Арбитражниот суд ~ ја наложи на Русија е помалку од половина од 114 милијарди долари, колку што бараа поранешните акционери на нафтениот гигант, но Русија ќе мора да плати и околу 65 милијарди долари судски трошоци.

jukos

– Ова е најголемата компензација доделена со арбитража во историјата – вели Емануел Гилјард, адвокат од бирото „Шерман Стерлинг“, кој посочи дека случајот се претвори во мегаарбитража.

Kако дел од случајот беа поднесени три засебни тужби од поранешните акционери на „Јукос“- „Хјули ентерпрајзис лимитед“, „Јукос универзал лимитед“ и „Ветеран петролеум лимитед“. Од сумата доделена при арбитражата, 39,97 милијарди одат на сметката на „Хјули“, 1,85 милијарда на сметката на „Јукос универзал“ и 8,2 милијарди долари на сметката на „Ветеран петролеум“, кој ќе добие дополнителни 8,2 милијарди за обесштетување на поранешните вработени на „Јукос“, чии интереси ги застапуваше.

Тужбата против Русија ја поднесе холдингот „Груп Менатеп лимитед“ (ГМЛ) со седиште во Гибралтар, компанија што своевремено ја користеше најбогатиот Русин, Михаил Kодорковски, за да управува со „Јукос“ и која беше сопственик на околу 60 отсто од акциите.

Русија, која се очекува да ја обжали одлуката на Арбитражниот суд, мора да ја исплати отштетата до јануари 2015 година, а потоа ќе почне да ~ се пресметува камата. Дури и ако Москва не ја признае пресудата на Арбитражниот суд во Хаг, таа би можела да се спроведе, вели директорот на ГМЛ, Тим Озборн.

– Може да се примени Њујоршката конвенција за признавање и извршување странски арбитражни одлуки. Оваа конвенција е потпишана и ратификувана од Русија – вели тој. За да се обештетат поранешните акциониери на „Јукос“, би можел да биде запленет и продаден на аукции руски имот во различни земји – со исклучок на дипломатските претставништва. Би можел да биде погоден и имотот на руските државни претпријатија како „Газпром“,„Аерофлот“ и „Рознеф“ во странство – вели Озборн.

Сега останува да се види дали Русија може да си дозволи да ја плати отштетата, но и дали воопшто ќе сака да го направи тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1