Вкупно 70.000 денари се украдени синоќа, околу 20 часот, од спортската обложувалница „Спорт Лајф“ на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, соопшти полицијата.
Разбојништвото го извршило непознато лице, со фантомка на главата и вооружено со пиштол, по што избегало со возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници го пронашле возилото и лицата кои биле затекнати во него. Тие се приведени во полициската станица „Центар“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.