Од скопска обложувалница украдени 70.000 денари


Вкупно 70.000 денари се украдени синоќа, околу 20 часот, од спортската обложувалница „Спорт Лајф“ на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, соопшти полицијата.policija-lenta-540x312

Разбојништвото го извршило непознато лице, со фантомка на главата и вооружено со пиштол, по што избегало со возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници го пронашле возилото и лицата кои биле затекнати во него. Тие се приведени во полициската станица „Центар“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1