Македонија од среда ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која на целиот Балкански Полуостров ќе донесе обилни врнежи од дожд.
Денеска врнежи од дожд ќе имаме само во мал дел од земјава.
претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, освен во југозападните предели каде ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер.
Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30км/ч. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 25°C.
Од среда не очекува повторно студено и врнежливо време, пад на температурите, а во четврток падот на температурите ќе биде и за десетина степени.