Од среда студено време и обилни врнежи од дожд


Македонија од среда ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која на целиот Балкански Полуостров ќе донесе обилни врнежи од дожд.

rain - dozdДенеска врнежи од дожд ќе имаме само во мал дел од земјава.

претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, освен во југозападните предели каде ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер.

Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30км/ч. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 25°C.

Од среда не очекува повторно студено и врнежливо време, пад на температурите, а во четврток падот на температурите ќе биде и за десетина степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1