Најмалку 47 лица, вклучувајќи и десетина деца и штотуку венчан пар, загинаа денеска, кога камион со сватови излета од патот и падна во река на Мадагаскар.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила изутрината во предградие на градот Анјозоробе, околу 90 километри од главниот град Антананариво.
– Имаше вкупно 47 починати, вклучувајќи десетина деца и штотуку венчан пар, изјави портпаролот на полицијата Херилала Андрианатисаона.
Во несреќата се повредени 22 лица.