Од свеќа им експлодирало купатилото


Пожар од свеќа настанал во станот на И.Т. на Васко Карангелевски во Битола вчера околу 14 часот.mvr

Како што објаснуваат од МВР, од запалена свеќа која била поставена на машина за перење се запалил држач на кој биле поставени спрејови, дезодоранси, пена за бричење и спрејови за астма, по што дошло до експлозија во купатилото. При тоа купатилската и надворешната врата се уништени, а сите прозорци од дневната соба се искршени.

Повредни лица нема. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1