Повеќе од 30 лица се повредени од удар на гром во текот на музичкиот фестивал во западна Германија, соопшти полицијата.
„Вкупно 33 лица се задржани во локалната болница“ – се наведува во соопштението на полицијата и се додава дека сите повредени се добро и дека наскоро ќе ја напуштат болницата.
Инцидентот се случил во текот на музичкиот фестивал „Rock am Ring”, кој го организира сојузната германска држава Рајна Палатинат, пренесе „АФП“.