Од утре доаѓа циклонот ,,Димитар“


Од утре, па сѐ до крајот на продолжениот прзничен викенд, територијата на Македонија ќе биде зафатена од моќен циклон кој доаѓа од Медитеранот, пишува метерологот Славчо Попоски, пишува Република. Името на овој циклон е Димитар.

Screenshot_93

Овој циклон ќе ни донесе обилни врнежи од дожд над целата територија на Македонија. Ќе има и локална појава на грмежи. Особено обилни врнежи ќе имаме за време на викендот што доаѓа.

За време на овој циклон на некои места се очекува да наврне огромна количина  воден талог (над 80 литри на квадратни метри). Повремено ќе дува силен ветер од јужен правец кој се очекува да достигне брзина од преку 60 километри на час. Температурата ќе биде во значително опаѓање и за време на викендот ќе биде за десетина степени пониска од сегашната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1