Од утре Македонија во жолта фаза, апел до граѓанте за поголема внимателност


Според најавата на Метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, утре територијата на југоисточна Македонија ќе биде биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, додека во среда со температури од жолта фаза ќе биде зафатена територијата на цела држава.toplo-vreme

Станува збор за температури до 34 степени Целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението, заради потребниот период за адаптација кон повисоките температури, велат од Министерството за здравство. За таа цел, потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, а посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија, порачуваат од Министерството

Поради високите темеператури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување храна во фрижидер на плус 8 Целзиусови степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (разни кремови, мајонези, сладолед и сл).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1