ОД УТРЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20 ДО 5 ЧАСОТ – СЕ ЗАТВОРААТ КАФЕАНИТЕ, КАФУЛИЊАТА, ФИТНЕС САЛИТЕ, КЛАДИЛНИЦИТЕ,


Од утре стапува на сила полициски час од 20 часот до 5 часот, кој ќе трае до 20 април, во пресрет на затоплувањето, празниците, а со цел да ги одмориме здравствените работници, кои деноноќно се во битката за спасување на животите на пациентите, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

Забрана за посетители гости во сите угостителски објекти, како и во угостителски објекти во хотели, мотели и на бензински станици. Оние кои вршат подготвка на храна, може да ја доставуваат преку онлајн или телефонски нарачки. Оваа забрана важи од 7 до 21 април.

Од утре се затвораат сите фитнес сали и сали за вежбање и кладилници, и се забрануваат семинари, конференции.

-Поради состојбата со коронавирусот одлучено е да се донесат дополнителни мерки, бројот на заразени и починати расте, постои сериозно оптоварување на здравствениот систем. Забрана за движење е од 20 часот до 5 часот, а започнува на 6 април вторник и ќе трае до 20 април, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче и епидемиологот Жарко Караџовски.

„Најновите тенденции кои ни се презентираа од епидемиолозите се дека британскиот сој на ковид-19 го зема својот замав“, рече Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1