Од вторник, поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре во западните и северните делови ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад (над околу 600 м.н.в). Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
Во среда и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде во четврток и во петок кога ќе достигне од -7 до 2 степена.
За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено. Дневната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а преку ноќта температурата на повеќето места ќе биде под -10 степени.