Вечерва во 21 часот започнува примената на нови мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Од 21 до 5 часот забранета е работата на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, рестораните, но и трговските центри и продавници.
Исклучени од таа мерка се аптеките, испораката на храна, бензинските пумпи и економијата што работи трета смена.
Мерките ќе важат 15 дена, до 1 декември, кога владата повторно ќе донесе одлука за нив.
Српскиот министер за внатрешни работи вели дека полицијата ќе биде на улиците во поголем број вечерва, кога стапуваат на сила новите мерки за сузбивање на коронавирусот.
Тој изјави дека полицијата ќе биде таму доколку некој се спротивстави на комуналната милиција, како и дека ќе ги предупредува несовесните граѓани дека мора да го почитуваат законот, кој е ист за сите.