Од врвот до дното: Една од најголемите тениски легенди банкротираше


Некогаш најдобриот тенисер на светот и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, официјално банкротираше.

Адвокатите на прославениот Германиец дојдоа денеска во Вишиот суд во Лондон за од судијката, Кристин Дерет да побараат уште една последна шанса за плаќање на долготрајниот долг.

Но, судијката Дерет заклучила дека не постојат доволно силни докази за кредитната способност на трикратниот освојувач на Вимблдон, па своите долгови ќе мора да ги плати наскоро.

Судијката се присетила и дека Бекер некогаш го гледала на Централниот терен на Вимблдон.

-Со големо жалење морам да прогласам банкрот, кажа Дерет па додала:

-Тој остава впечаток на човек со закопана глава во песокот.

Во текот на супер богата кариера Бекер освои вкупно шест Гренд Слем титули, а се проценува дека од турнирски награди и спонзорски договори заработил околу 57 милиони евра.

Износот на насобраниот долг се уште не е познат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1