Одат во Египет, а не знаат каде е Kожуф – За празник не мора да се оди во странство


Одат во Египет, а не знаат каде е Kожуф. Вака реагираат луѓе упатени во туризмот и нагласуваат дека многу Македонци патуваат надвор од државата за празниците, а не ги познаваат природните богатства на сопствената земја, кои се исто толку атрактивни колку и тие надвор.

MAKEDONIJA TURIZAM– Македонците се чудна сорта луѓе, одат во странство, а не си ја познаваат доволно сопствената држава и убавините во неа. Не отишле во Вевчани, Берово, Плачковица, Михајлово. Во Македонија како винска земја не посетиле некоја од осумдесетината винарници, а одат во крчми и меани во Банско. Имаме прекрасни манастири, кои заслужуваат да бидат видени – реагира кавадарчанка.

Директорката за туризам при Фондацијата „Тиквешки вински пат“, Виолета Јанкова, од неодамна директорка на Центарот за туризам во Демир Kапија, кажува дека во Тиквешко долго работат на развојот на туризмот и нагласува дека можат да се пофалат оти веќе има капацитети што ги задоволуваат стандардите и нудат квалитетна услуга.

– Им препорачувам на Македонците да дојдат на вински тури во највинскиот регион во земјата, да посетат некоја од винарниците. Тука ќе добијат врвна услуга и задоволство. Можат да уживаат во вкусовите на вината и храната, но и да ги посетат исто така музејот на вкусови во Kавадарци и за вино во Демир Kапија. Да научат нешто ново, но и да се збогатат самите себе. Има прекрасни манастири и цркви од дамнина кои се богати со историја, култура и традиција, а заслужуваат да бидат видени. Наместо да се помине викенд во Грција и да се потрошат околу 200 евра, може да се видат домашните атракции за половина цена, а поголемо задоволство – децидна е Јанкова.

Сашко Атанасов, менаџер на хотелот „Бел камен“ на планината Плачковица, се согласува дека е време Македонците да ги запознаат и сопствената татковина и убавините што таа ги нуди.

– Сите сакаме да го прошетаме светот, ама мислам дека најпрвин треба да се запознае сопствената земја. Оваа година и ние и другите домашни хотели дадовме добри понуди за празникот и за целиот месец мај и нудиме светски квалитет со македонски цени. Нудиме планинско спа-уживање на Плачковица во мај – вели Атанасов.

И годинава за првомајските празници речиси сите винарници организираат вински тури за заинтересираните.

Дневник.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1