25 ноември, ден на државноста на БиХ е еден од оние празници кои во исто време фрлаат светлина врз идејата на земјата зацртана во 1943 година и она што го гледаме денес. На тој ден, во Мркоњиќ град е одржано Првото заседание на антифашистичко собрание на народното ослободување на Босна и Херцеговина (ЗАВНОБИХ) на кое е беше изразена одлучноста на народите на БиХ дека нивната земја ќе биде збратимена заедница и во која ќе биде осигурена целосна рамноправност на сите, како и на БиХ во рамки на југословенската федерација, со историски граници кои датираат уште од времето на средновековна Босна.
Денот на државноста на БиХ е потсетник на вечната борба помеѓу идеалите и стварноста, желбите и можностите.
Ова беше повод, Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“ да организира настан на кој присуствуваше заменик амбасадорот на БиХ, г-дин Јасмин Гагула, градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, како и бројни гости од разни сфери како културни, политички, бизнис и др.
Овој настан симболично потсети дека заедница од наизглед различни луѓе, може да опстане, дури и повторно да настане за време, но и по најголем песимизам.
Особено беше истакнато интензивното вклучување на Бошњаците во виталните текови на општествениот живот на Република Македонија, кое не се реализира ни доживува како асимилација, ниту го доведува во прашање нивниот културен, етнички и духовен идентитет.
Во таа смисла, здружението за обединување на Бошњаците од Македонија, постхумно додели благодарница на г-динот Алија Шахиќ, за особен придонес. Шахиќ беше првиот Бошњак пратеник во независна Р. Македонија.