Многу прашања, а малку одговори. И 7 години по хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, родителите на загинатите 11 војници го поставија истото прашање – поради што точно падна армискиот хеликоптер. Велат, одговорот дека пилотска грешка е причината за нас е недоволна. Имаме нови докази и очекуваме набрзо да се сретнеме со јавниот обвинител со цел почнување на нова темелна истрага.
Се сомневаат дека хеликоптерот е всушност соборен за што имале и докази, кој не сакаат да им ги соопштат во овој момент на новинарите.
Прво во касарната “Страшо Пинџур”, потоа и во катлановско Блато, роднините и колегите, но и армискиот врв уште еднаш оддадоа почит на загинатите македонски мировници. Тие се враќаа од мисија во Босна, каде што беа дел од мисијата АЛТЕА.
Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски од мисијата „АЛТЕА“, Босна и Херцеговина.