Oдбиле да постават бомба – талибанците им ги отсекле рацете и нозете


Авганистански талибански бунтовници им ги ампутирале нозете и рацете на двајца приватни работници на обезбедување, кои работеле за една компанија на страната на војниците. Талибанците потврдиле дека тие биле казнети со тоа што им била отсечена десната рака и левата нога. Една од жртвите дала изјава за телевизијата Толо, од болничкиот кревет во западниот град Херат.

talibani_1366483739_670x0Маж на возраст од 25 години, чие име не е наведено, изјавил дека него и неговиот пријател биле киднапирани од екстремистите пред неколку дена.
„Тие бараа од нас да поставиме експлозии во зградата на компанијата и ни рекоа дека ќе ни платат за тоа. Ние одбивме“, изјавил човекот со растреперен глас. „Тогаш не одведоа во нивниот суд и судијата одлучи дека треба да ни пресечат по една рака и една нога. Ние протестиравме и рековме дека работиме за да заработиме за живот“, изјавила една од жртвите.

Официјалниот претставник на полицијата во Херат им соопштиле на семејствата на жртвите и локалните жители, дека мажите биле мета на бунтовниците поради тоа што работеле за приватната безбедност на компанијата која обезбедувала сигурност за конвоите за снабдување на странските трупи.
Инцидентот се случил во Санги Рабат и мажите биле однесени во болница во Херат, изјавиле официјалните претставици на полицијата Nooer Kan Nikzad во телефонска изјава за AFP.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1