Одбрана со 3 метри дебели ѕидови, куќи со воодотпорни подови – Ново истражување за старо Скопје


И по катастрофалниот земјотрес во 518 година, граѓаните на Скупи не го напуштиле својот роден град. Луѓето во Скупи не живееле само краток период по разорувачката природна катастрофа, а потоа повторно се вратиле и живееле дури до средниот век. Ова се дел од новите научни сознанија до кои дојдоа археолозите од Музејот на град Скопје, кои речиси половина година вршат археолошки ископувања на бедемот на Скупи, пишува Скопје инфо.

skupiАрхеологот Ленче Јованова, една од раководителите на археолошките ископувања, вели дека резултатите од истражувањата се разликуваат од тоа што го очекувале. Таа е презадоволна од резултатите.Археолозите годинава, освен просторот околу новооткриената базилика, го истражуваа и бедемот на градот од времето на 4 век.

Ѕидови дебели 3,6 метри

Една од мистериите, која археолозите се обидуваат да ја разрешат, е постоењето на раноримскиот логор, од кој подоцна израснала римската колонија Скупи.

Skupi-bedem

Со годинашните истражувања на бедемот од 4 век, откриени се две полукружни кули, од кои едната не е цела зачувана. Не’ изненадија ѕидовите на бедемот, кои биле дебели 3,6 метри.

Ако требало да се бранат со олку масивен бедем, цивилизациските вредности во Скупи во 4 век биле на многу високо ниво. Во тоа време Скупи бил главен град на римската провинција Дарданија и бил назначен за епископско седиште.

Ѕидот сигурно бил висок околу 12 метри. Требало да се издвојат многу пари за да се утврди целиот град.

Тие градежни зафати ги финансирала империјата. Значи, на империјата и’ било многу важно да го брани Скупи од напади.

stobi 9

Тоа е логично, ако се земе предвид дека Скупи е на самата трансферзала на патишта и тука веројатно отседнувала војската, високи државници. Скупи не бил негуван само поради цивилизациското ниво на градот, туку и затоа што градот многу и’ враќал на империјата – објаснува Јованова.

Каде е раноримскиот град?

Под бедемот археолозите откриле многу оштетена раноримска станбена градба. Според зачуваните декоративни елементи, ѕидови украсени со фрески, делови обложени со мермер, со систем за загревање на ѕидовите, со водоотпорни подови, објектот бил многу луксузен граден, во 2 и 3 век.

AeroSkupiОвој пронајдок на археолозите им отворил нова дилема – каде се границите на Скупи од раноримскиот период? Очигледно е дека постариот град бил поголем. Раноримскиот град би требало да се шири кон исток, кон центарот на денешно Скопје – вели Јованова.

Археолозите откриле развиена мрежа на објекти, градени во неколку наврати низ целиот 6 век. Постарите биле посолидно градени, од мермер и делкан камен, а подоцнежните биле попримитивни. Тие биле градени по катастрофалниот земјотрес во 518 година.Како последни фази на живеење околу бедемот археолозите го посочуваат 12 век.

Тие нашле 10 гроба од раниот среден век, од 10 до 12 век. Јованова вели дека луѓето не ги напуштиле огништата и продолжиле да живеат во Скупи и по големиот земјотрес. Тоа го потврдуваат истражувањата на бедемот, кој денес е прилично уништен – имало многу бројни разградувања од 6 век, во раниот среден век и во модерно време.

ИЗВОР: Скопје инфо

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1