Одбраната на Заев ги бара доказите за „Поткуп“, рочиштето одложено


Ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе се одржи на 4 мај, бидејќи денешното беше олложено. Одбраната на Заев побара да ги добие сите докази од предметот кои и покрај неколкуте барања, обвинителството не ги доставило.zoran-zaev

Адвокатот Филип Медарски истакна дека нивно законско право е да ги имаат доказите во рака бидејќи според Законот за кривична постапка нив треба да ги добијата уште кога им бил доставен обвинителниот акт. Тие направиле увид на доказите меѓутоа не добиле копија.

Судијката Дијана Груевска Илиевска, која претходно ја информираше одбраната дека Судот ги немал тие докази од ПИ мерките, дозволи Заев и неговите адвокати да извршат увид, но и препис на тие докази, коишто се наоѓаат во Судот.

Таа го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и на следното рочиште да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќање на Заев и адвокатите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на денешното рочиште пред новинарите изјави дека тој и адвокатите инсистираат да ги добијат копиите од ПИ мерките, бидејќи се сомневаат дека обвинителот и обвинителсвото од коешто што доаѓа ги имаат тие докази од прислушуваните телефонски разговори и видео снимки од разговорот со бизнисменот Иван Николов од кој наводно барал поткуп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1