Одело кое штити од зрачењето на мобилниот телефон


Француската модна куќа „Смиглер“ произведе костум кој ги блокира електромагнетни бранови кои ги произведуваат мобилните телефони, објавено е денеска.

– Ова е првпат технолошки материјали да се користат за секојдневна облека на мажите, а тоа да не предизвика чуство на неудобност, истакнува Бенжаман Анин од одделението „Смиглер“ за истражување и развој.

kostum odeloДосега овој специфичен вид на материјал е користен во рудиментарна форма за облека на професионалци кои се особено изложени на електромагнетни бранови, напоменува Анин.

На тој материјал фирмата „Смиглер“ работела три години, во соработка со Институтот XLIM  од Лимож, специјализиран за проблемите на елтромагнетизмот.

Односниот материјал се користи за џеповите на сакото, а во него се вткаени нитки никел, кои не предизвикуваат алергиски реакции, нер`осувачки челик, алуминиум и пирит. Овој материјал наводно може да блокира 90 отсто од електромагнетни бранови.

Првите костуми со новиот материјал ќе се појават во рамките на колекцијата пролет-лето 2013 година на фирмата „Смиглер“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1