Таткото на 20 годишниот Адам Ланза, кој изврши масакар во основното училиште “Сенди Хук” кој уби 28 лица од кои 20 деца како и неговата мајка Ненси која ја убил во својот дом, признал дека посакува неговиот син никогаш да не се родил.
Во интервјуто за магазинот “Њујоркер”, Питер Ланза изјавил дека не го видел својот син повеќе од две години пред тој да го стори кривичното дело, му било жал за неговиот син, за кого вели дека боледувал од шизофренија иако оваа болест никогаш не му била дијагностицирана.
-Секоја вечер го сонувам. Но морам да бидам реален. Не можам да тагувам по син каков што беше Адам. Човек кој уби 28 лица, признал Питер.
Според зборовите на неговиот татко, Адам бил ексцентричен, вознемирен тинејџер кој страдал од несоница. Додека бил во средно училиште, му било дијагностицирано Аутизам а неговиот татко е убеден дека оваа болест ја сокрила шизофренијата.
Во петто одделение тој дури и напишал приказна со наслов “Голема книга на баба” која на вознемирувачки начин ја опишува и ја најавува несреќата која го згрози светот.
“Сакам да повредувам луѓе. Особено деца” стои во книгата на Адам.Кога почнал да оди во средно училиште, Адам почнал да добива напади на паника.-Постојано се потеше. Се му паѓаше од рака. Не можеше да мисли. Практично, вегетираше, вели неговиот татко.
Питер открива дека неговиот син бил и фасциниран од оружје и Втората светска војна како и дека сакал да стане војник, а на 17 години станал опседнат со убиства до тој степен што почнал и да уредува неколку страници на Википедија за познати масовни убиства.