Одите на одмор – Пазете на роаминг за да не ве изгори сметката, а богами отворете очи и во Охрид


Информирајте се кај вашиот оператор за тоа колку се наплаќа интернет, за цените на услугите на нивните роаминг-партнери, за начинот на тарифирање итн.

Прашајте си во туристичка агенција дали има wi-fi, каков е квалитетот на услугата, дали услугата е бесплатна или се плаќа. Размислете дали треба само да примате и да одговарате на повици; дали ви треба во реално време да користите мапи или GPS; дали ви треба Интернет-пристап веднаш, или може да почекате додека да најдете бесплатен wi-fi пристап.

roaming-charges

Сето ова сторете го за да не ве боли глава од сметката кога ќе се вратите.

Исто така – внимавајте во Охрид. На некои локации на охридското крајбрежје доколку телефонот ви е подесен автоматски да бара мрежа – самиот ќе ви се префрли на албанска мрежа и вие ќе си зборувате опуштено мислејќи дека сте си во Македонија. Операторот нема многу да се грижи ако телефонот фатил роаминг така и ќе ви наплати. За посигурно ставете го телефонот на мануелно бирање мрежа или пак проверувајте на која мрежа сте прикачени пред да се јавите на телефон.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1