Одите на одмор во Грција – понесете свеќи – поради штрајкови нема струја


Повеќето делови од Грција денеска се очекува да бидат без струја во различни периоди од денот поради штрајк на вработените во Јавната корпорација за електрична енергија (ППЦ) против плановите за нејзина приватизациja, јави дописникот на МИА од Атина.

Членовите на синдикатот протестираат против создавање на „мала ППЦ“ која ќе биде продадена на инвеститори, за што премиерот Самарас беше дециден дека ќе го спроведе.

strujomer-sveca– Нема опасност од затемнување на целата земја. Ќе штрајкуваме во сите производни единици и рудници од Комотини до Аркадија, но никој не рече дека сите единици ќе престанат да работат во исто време. Акцијата ќе се спроведува постепено затоа што никој не сака земјата да биде во темница,  изјави шефот на синдикатот „Спартакос“ Јоргос Адамидис.

ППЦ ќе биде принудена да увезува поскапа струја од странство со цел да обезбеди соодветен довод онолку долго колку што ќе траат штрајковите.

Самарас рече дека нема простор за загриженост, инсистирајќи дека Владата ќе продолжи со планот за создавање нова компанија која ќе преземе 30 отсто од потрошувачите на ППЦ.

– Нема да им дозволам на фанатичните популисти и на оние кои создаваат лажни впечатоци да го одземат нашето право да напредуваме. Приватизациите, меѓу другото, се поврзани со нашето право да напредуваме, изјави Самарас синоќа во Стразбур.

Премиерот го наведе примерот на продажбата на телекомот ОТЕ како успешна приватизација и негираше дека Владата била инволвирана во ефтина продажба на најдобрите ресурси на Грција.

– Ние се обидуваме да спроведеме приватизации во Грција како што беше направено секаде во светот и се исплатеа, додаде тој.

Доколку штрајкот продолжи и стане помасовен, се очекува Владата да преземе правни мерки за да се обиде да го спречи. Властите се подготвени на штрајкувачите да им упатат нередби за граѓанска мобилизација.

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас вчера го посети Лерин за да им изрази поддршка на вработените во ППЦ. Тој, исто така повика да се организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали дел од ППЦ треба да се приватизира.

Најголемата опозициска партија планира денеска да започне разговори со другите групи за да види дали ќе ја има потребната поддршка во Парламентот за еден таков потег. За предлогот за референдум ќе му треба поддршка од најмалку 120 од 300 пратеници, пред тој да може а биде поднесен во Парламентот. Потоа, за ќе треба да гласаат најмалку 180 за референдумот да се одржи

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1