Пензионерката Џоан Лојд (67) и Фил Абсолом (29) планираат да се венчаат. Како што велат заљубени се и создадени еден за друг. Се запознале преку Фејзбук.
„Заљубени сме а нашиот сексуален живот е одличен“, вели пресреќната Џоан, чиј внук е само неколку години помлад од нејзиниот иден сопруг. Пресреќни се иако разликата помеѓу нив е цели 38 години.
Нејзиниот прв маж умрел од тешка болест и таа се грижела за него 15 години, а пред смрта тој и рекол дека мора да продолжи со својот живот и да најде помлад маж. И предложил да направи пластични операции и да ги зголеми градите.
После естетските корекции приказната за неа стигнала до медиумите.
„Неверојатна е и сакам да го поминам остатокот од мојот живот со неа. И претходно сум имал врски со постари жени, но ни една не е како Џоан“, изјавил Фил, идниот младоженец.