Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и Холандија, кој требаше да започне во 20:45 часот е откажан, откако на стадионот „Нидерсаксен“, во Хановер, бил пронајден сомнителен кофер.
Сомнителниот куфер бил пронајден на два и пол часа пред почетокот на натпреварот, поради што полицијата ги затвори сите приоди кон стадионот. На овој меч требаше да присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.
Поради стравот од нови терористички напади на спортските терени по масакрот во Париз, и покрај најавите дека дека овој натпревар сигурно ќе биде одигран, мечот е одложен, а стадионот во Хановер се евакуира.
Во петокот, во Париз, се случија три синхронизирани терористички напади. Еден од бомбашите самоубијци се разнел пред стадионот во Париз на кој во тие моменти играа Франција и Германија.
Поради акциите кои ги спроведува белгиската полиција, за апсење на терористи и загрозената безбедност, претходно беше откажан и пријателскиот натпревар Белгија-Шпанија, кој исто така требаше да се одигра во вторник.