Одложен мечот Германија- Холандија – најден сомнителен куфер – стадионот се евакуира!


Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и Холандија, кој требаше да започне во 20:45 часот е откажан, откако на стадионот „Нидерсаксен“, во Хановер, бил пронајден сомнителен кофер.

Сомнителниот куфер бил пронајден на два и пол часа пред почетокот на натпреварот, поради што полицијата ги затвори сите приоди кон стадионот. На овој меч требаше да присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.stadion policija germanija

Поради стравот од нови терористички напади на спортските терени по масакрот во Париз, и покрај најавите дека дека овој натпревар сигурно ќе биде одигран, мечот е одложен, а стадионот во Хановер се евакуира.

Во петокот, во Париз, се случија три синхронизирани терористички напади. Еден од бомбашите самоубијци се разнел пред стадионот во Париз на кој во тие моменти играа Франција и Германија.

Поради акциите кои ги спроведува белгиската полиција, за апсење на терористи и загрозената безбедност, претходно беше откажан и пријателскиот натпревар Белгија-Шпанија, кој исто така требаше да се одигра во вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1