Одложено отворањето на аква паркот


Иако беше најавено дека во понеделник ќе биде отворен аква паркот во Скопје, сепак, отворањето е одложено заради тестирање на опремата.

akva park„Во однос на текстовите кои се објавуваат актуелно на сите веб портали низ МК, сакаме да Ве известиме дека отварањето на Градскиот Аква парк кој е во состав на СЦ Борис Трајковски нема да биде на 15 јули 2013 година”, соопштуваат од СЦ Борис Трајковски.

Од таму додаваат дека е предвидено аква паркот да биде отворен во текот на оваа седмица, но сè уште не се знае кога.

„Во моментот се врши тестирање на опремата со која располага Градскиот Аква парк, лоциран од северната страна на спортскиот центар, односно веднаш позади хотелот Александар Палас”, појаснуваат од СЦ Борис Трајковски.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1