Одлука на селекторот: Борко нема да брани со Шпанија


Селекторот Ивица Обрван одлучи Борко Ристовски да остане во Скопје, а нашиот гол во Гвадалахара ќе го бранат Петар Ангелов и Никола Митревски.

ristovski-borko-500По мечот со Шпанија, новиот селектор на Македонија изјави дека не е задоволен од учинокот на некои ракометари. Веројатно мислел на Борко Ристовски, бидејќи Хрватот одлучил тој да остане во Скопје, а во Гвадалахара да заминат Петар Ангелов – Диви и младиот Никола Митревски.

Поради повреда во Шпанија не отпатува ниту Веле Марковски, како и Филип Миркуловски.

На местото на повредениот Владо Недановски во составот ќе биде пикерот на Вардар ПРО, Никола Маркоски, додека Бранко Ангеловски е замената за Филип Миркуловски на бековската позиција.

Селекторот Обрван отпатува со 16 ракометари, меѓу нив и Кире Лазаров, но неговиот настап е неизвесен.

Според ова, во Шпанија отпатуваа: Ангелов, Митревски, Majнов, Стоилов, K. Лазаров, Joновски, Teмелков, Ангеловски, Левов, Mojсовски, Димовски , Георгиевски, Ф. Лазаров, Н.Маркоски, Ојлески и Кузмановски.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1