Грчките медиуми пишуваат дека во некои делови на земјата се нудат попусти и за 50% за одредени аранжмани, доколку се плати во готово. А готовината на секој во Грција деновиве му е и те како потребна. Поради ограничувањата за вадење на пари од банкоматите, многу продавници и супермаркети имаат проблем со враќање на кусур.
Моментално најмногу гости има по островите на Кикладите (за кои ММФ и ЕУ исто така бараат реформи, односно отпишување на даночните олеснувања за некои од островите, оваа точка најверојатно ќе ја нема во новата понуда на Ципрас), кои се и едни од најскапите дестинации во земјава. Гостити има од Канада до Австралија.
emagazin.mk