Пијан и издрогиран бил возачот што ја згази новинарката


Откако ужасна трагедија го потресе главниот град пред две дена во која животот го загуби новинарка Сузана Тодоровска Павлоска во Македонското радио денеска од обвинителство соопштија детали поврзани со случајот кои ја шокираа јавноста.

Имено, според првичните сознанија и вештачења е откриено дека возачот на возилото „опел“ бил под дејство на алкохол при што во примероците од неговата крв се најдени  1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили.

Foto - Ѕид на сообраќајниот срам

Foto – Ѕид на сообраќајниот срам

Она што дојде неочекувано покрај страшната трагедија и трауми, е дека возачот бил и под дејство на дрога. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.

Издадена е наредба за спроведување на истражната постапка, а осомничениот се наоѓа на болничко лекување.

Надлежните и обвинителството работат на расчитување на случајот.

Во вторникот вечерта триесет и седум годишен скопјанеца управувајќи со автомобил изгубил контрола и со голема брзина удрил во пешак.

Незгодата се случила околу 20 часот на улица Васил Ѓоргов во близина на трговскиот центар „Зебра“, а автомобилот потоа влетал во еден од излозите на околните згради.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1