Одморот во Калитеа им се претворил во кошмар, девојчиња од Македонија нападнати во Грција


Летувањето во Калитеа во соседна Грција за пет другарки од Македонија се претворило во кошмар, откако сопствениците на апартманот во кој биле сместени предизвикале инцидент, кој завршил со физички напад пренесува 24 вести.

На четвртиот ден, од планираните седум, сопственичката и нејзиниот син, ги исфрлиле од станот под изговор дека не ги почитувале правилата и пуштале прегласна музика, при што се обиделе брутално да се пресметаат со нив, пренесува 24 вести.

„Ни викаа дека сме животни, дека не сме никој и ништо и ќе ви правиме што сакаме, не омаловажуваа. газдарицата ја тегнеше другарка ми за коса ја давеше, а на другата и маваше шамари.“ – вели Катерина Еленинска.

Но нивната голгота не завршила откако го напуштиле станот. Тврдат дека ниту полицијата ниту брзата во Грција не сакале на време да реагираат само поради тоа што доаѓаат од Македонија.

Црногорскиот и американскиот пасош на две од петте другарки ги спасиле и останатите ноќта да не ја поминат под отворено небо. Откако контактирале со конзуларните претставништва на двете земји, биле згрижени, а веќе следното утро се вратиле дома, но велат дека се разорчарани поради тоа што ваква помош не добиле од македонскиот конзулат.

„Додека од црногорската амбасада и се јавија на другарка ми, од нашиот конзулат никој не се загрижи.“ – изјави Еленинска.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1