Одрон на патот Кочани-Македонска Каменица: Сообраќајот во прекин од саботата


Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) очекуваат до утре да биде отстранет одронот на патот Кочани – Македонска Каменица во близина на село Истибања и да се нормализира сообраќајот што е во прекин од саботата.

– Вчера е направено дополнително минирање на остатокот од ризичната карпа, во текот на денов треба да се утврди дали ќе биде потребно уште едно минирање по што теренот ќе се расчисти и ќе се оспособи патот, велат од ЈПДП.

Проценките, насоките и активностите на терен ги спроведуваат екипи на ЈПДП, ЈП „Македонија пат“ и Градежниот факултет.

Во активностите е вклучена и градежна механизација на ГП „Гранит“ која таму е присутна поради тековната рехабилитација на патот.

До нормализирање на состојбата и целосно расчистување на одронот, се користи алтернативниот пат Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла- Македонска Каменица.

Одроните се честа причина за прекини на сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица.

Досега се рехабилитирани 80 проценти од предвидените работи за рехабилитација на патот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1