Официјално од НАСА: На Марс некогаш имало живот


Според последните и официјални податоци издадени од страна на НАСА, на Марс некогаш постоеле услови за живот.

На денешната конференција подготвена за новинарите, претставниците на НАСА објавиле дека анализирајќи ги примероците од карпи добиени од “Curiosity” роверот, “заклучено е дека на планетата Марс во минатото постоеле услови за живот”. nasa-mars
“Фундаменталното прашање за оваа мисија е дали на Марс некогаш постоеле услови за нормална животна средина”, изјавил Мајкл Маер, водичот на програмата “Mars Exploration Program” при НАСА. “Од нашите досегашни сознанија, одговорот на ова прашање е ДА”.

nasa rover

Ова откритие доаѓа само седум месеци откако роверот “Curiosity” се спушти на површината на Марс, каде што ќе помине најмалку две години, истражувајќи дали оваа планета некогаш го подржувала примитивниот живот.

На 8 февруари, роверот извршил ископувања во карпата наречена Џон Клајн и истите важат за најдлабоките ископувања кои што некогаш биле направени на Црвената планета.

Во примероците земени од површината на Марс биле идентификувани некои од главните хемиски елементи неопходни за живот, како што е сулфурот, азотот, водородот, кислородот, фосфорот и јаглеродот.

На парчињата карпи биле забележани и минерали и глина, што укажува на тоа дека на планетата многу одамна постоела неутрална водена средина, додале истражувачите, заклучувајќи дека сето тоа се податоци од кои што лесно е да се заклучи дека станува збор за средина погодна за живеење.

nasa mars 3Дополнителните истражувања на примероците биле попречени поради компјутерските грешки кои што се јавија кај роверот, поради кои што тој морал да биде приклучен кон т.н. “safe mode” програм, на 28 февруари.

Роверот “Curiosity” се спушти на површината на Марс на 5 август, каде што се очекува да остане во следните две години, се со цел да ја истражи површината на Црвената планета и да открие дали истата некогаш овозможувала живот.

Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1