Официјално: Пониски цени за гласање на Х-фактор од Македонија


Популарноста на Х-фактор вртоглаво расте и го освојува Балканот, интересот за гласање е огромен и поради тоа македонските мобилни мрежи ја намалија цената за една испратена СМС порака.

x faktorПочнувајќи од утрешното издание, цената за испраќање СМС порака преку која гледачите го поддржуваат својот фаворит, ќе изнесува 23,6 денари.

Оние кои ќе гласаат од мрежите на Т-Мобиле, ВИП и ОНЕ, а со што ќе ги поддржуваат своите фаворити, од утре ќе може да испраќаат пораки со пониски цени.

Освен од Македонија, се гласа и од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а од 28 јануари може да се гласа и од Хрватска и Словенија, со што се докажува дека популарноста на ова шоу од ден на ден станува се поголема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1