Сите внуци на Гебелс се милијардери – двајца се доминатни акционери во БМВ


Агенцијата Блумберг откри дека внуците на шефот на наци-пропагандата се милијардери. Но, не е баш крвно поврзано. Еве како.

joseph_goebbels_mit_familieВо 1931-та Гебелс се оженил со Магда Квандт, која претходно била мажена за индустријалистот Гинтер Квандт (но и со уште еден човек пред него).

Харалд Квандт (син на Магда од првиот сопруг) се преселил кај семејството Гебелс по новиот брак на мајка му. Харалд е момчето што седи најлево, на оваа слика од Гебелс со семејството:

Откако Гинтер – самопрогласен наци-следбеник иако неинволвиран во криминалот на режимот – починал, Харалд и неговиот полубрат Херберт Квандт го наследиле неговото богатство.

Тоа наследство вклучувало сопствеништво на две големи индустриски фирми, како и удели во автомобилската компанија Дајмлер-Бенц и рударската фирма Винтершал АГ.

Денес, вдовицата на Херберт, Јохана Квандт, 86, и нивните деца Сузана Клатен и Штефан Квандт остануваат најголеми акционери во БМВ. Ќерките на Харалд Квандт, Катарина Гелер-Хер, 61, Габриела Квандт, 60, Анете-Ангелика Меј-Тајс, 58, и Колин-Бетина Росенблат исто така се милијардери и живеат многу приватен живот.

Гебелс се отрул себе си и своите биолошки деца кон крајот на војната.

Извор – Економски

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1