Оглас: Купи куќа, добиваш бесплатно жена! Видео


Ова може да биде атрактивна работа за оние кои сакаат да се смират: пространа куќа со две спални соби во Џакарта доаѓа со бесплатна сопруга за само 76.000 долари.

40-годишната Вина Ли, жителка на ова старо здание во Слеман, потврдила за локалните медиуми дека понудата за продажба на нејзината куќа, како и на самата неа, е потполно легална.kuka zena

Идејата е на нејзиниот агент за недвижности кој и предложил во исто време да најде и маж и некој што ќе ја купи куќата. Таа во почетокот само сакала да ја продаде куќата, но кога му рекла на Диан, трговецот со недвижности, дека е вдовица од 2000 година и дека таа навистина сака повторно да си најде сопруг, агентот дошол до единствена идеја.

– Диан предложи слоган кој во исто време би ја продавал куќата, и би барал сопруг за мене, а јас секако се согласив со него – рекла Вина.

Вина Ли не очекувала дека нејзиниот оглас кој го поставила во локалните весници, го преплавил целиот свет.
Огласот гласи: „Понуда на векот!!! Купете ја куќата и можете да се ожените со сопственичката. Само за сериозните купувачи и без преговори“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1