Оглас во БиХ: Убивам за 5.000 евра!


Продажбата на разна роба преку Интернет последнава година во Босна и Херцеговина доживеа подем. По пат на специјализирани веб сајтови и друштвени мрежи, граѓаните продаваат буквално се, од овошје, зеленчук и зимница, до лекови и гласови на избори, оружје, а вистинска бура минатата година предизвика огласот во кој како услуга се нуди убиство!

390736_020918c3_iff

Огласот на наводниот платен убиец е тргнат од Интернет, а на истиот младото момче кое се претставува дека живее во Витез, во БиХ, нуди услуга убиство за цена од 10.000 марки, односно 5.000 евра. За многу кратко време огласот бил проследен од 12.000 лица, а многумина од нив понудиле размена. Еден дури за да го плати убиството понудил голф. Навистина шеговит е и коментарот на човекот кој „убиецот“ го запрашува дали би му ја убил тештата за половина цена. За овој случај се заинтересирала и полицијата, но никогаш не е соопштено дали добил правосуден епилог.

Пред локалните избори во БиХ во 2012 година на еден веб сајт се појави оглас кој крена голема политичка прашина. Огласувачот, имено, го продавал својот глас на изборите за 100 евра. Огласот е објавен во рубриката итно, а како можност оставена е и замена за дрва. Интересно е што продавачот на гласот напоменал дека е подготвен да го даде гласот на сите политички партии, освен на најјаката бошњачка партија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1