На сајтот на британската влада се појавил оглас во кои разузнавачката служба МИ6 бара кандидат за работа на таен агент со ,,дозвола за убивање,, пренесува скај њуз.
Подоцна се дознало дека огласот е лажен, а поставен бил во петокот на сајтот на министерството за труд и пензија.
Во него стоело дека се бара специјалист за елиминирање мети бидејќи на владата и требаат луѓе за отстранување на лица чие постоење преставува ризик за ефикасно спроведување на јавен ред и мир.
Од кандидатите се барало да се снаодливи и да се во состојба да ја напуштаат државата на неконвенционален начин. Во огласот дури стоело дека и на располагање ќе добијат специјални часовници, мини подморници, пиштол Валтер ппк каков што има агентот 007 Џемс Бонд.
Платата од 50.000 до 60.000 funti, но и бонуси за добро сработена мисија. Дури во огласот стоело дека предност имаат оние кои сакаат повеќе мартини мучкан а не мешан.
Не се знае кои го поставил огласот но портпаролката на MI6 изјавила дека е лажен и се бара виновникот. Во меѓувреме огласот е отстранет.