Ограбена пошта во Охрид


makedonska-posta-41-300x336

Непознати сторители вчера попладне извршија грабеж во филијалата на „Македонска пошта“ во Охрид, во близина на Гимназијата.

За сега нема никакви информации за тоа кои се сторителите и со каков плен си заминале. Местото вчера беше блокирано од полицијата.

Истата пошта беше ограбена во јануари 2010 година, кога разбојник маскиран влезе во Поштата и им се закани на вработените со пиштол, и одзеде 51.000 денари.

Во непосредна близина на Поштата има експозитура на „Охридска банка“, на која се поставени безбедносни камери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1