10 илјади денари, со толку пари избегал крадецот кој вчера ја ограби трафиката „Каза Кико компани“ во скопската населба Ѓорче Петров.
Под закана со пиштол, околу 19 часот, засега непознатиот сторител, ја принудил вработената во киоскот да му ги даде парите од дневниот промет, информираат од полиција.
Кога го добил тоа што го барал, непознатиот маж избегал од местото на настанот. Се уште се трага по него.