Ограбени цркви и манастири за Велигден


Вчера околу 11 часот во Полицијата Штип било пријавено дека во временскиот период од 18:30 часот на 2 мај до 9:30 часот на 3 мај непознат сторител со употреба на сила ја отворил влезната врата на црквата „Св.Илија“ во село Аргулица-Штип, влегол внатре и од иконите одзел околу 5.000 денари.policija grb oznaka

Исто така на 3 мај во 20:30 часот во Полицијата Штип било пријавено дека ноќта помеѓу 2 и 3 мај непознат сторител со употреба на сила ја отворил вратата на манастирот „Света Тројца“ лоциран во населбата Баби, влегол внатре и од иконите одзел околу 1.000 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1