Почна да се поставува оградата од ковано железо висока околу два метра од задната страна на зградата на Владата. Како што може да се види од примероците, на врвовите на оградата има крстчиња.
Ова е прв пат зградата на Владата да се огради. Овој зафат ќе чини 700.000 евра.