На друштвените мрежи се појави видео снимено во една пекарница во Земун и на која јасно се гледа огромен стаорец како шета во витрината за храна наменета за продавање.
Потрошувачите што стојат зад видеото веднаш ја известиле Националната организација на потрошувачи на Србија, која веднаш ја споделила снимката на својата страница.
На страницата се прецизира дека видеото е направено на 15 август 2016 година. Газдарицата на пекарницата вели дека за непоканетиот гостин дознала од српските медиуми и дека за истиот не била известена. Видеото е во продолжение.