Огромна новогодишна елка се урна во главниот град на Киргистан


Огромна новогодишна елка се урна во главниот град на Киргистан, Бишек

0_1f4c6_6ef2aae5_XL-375x249Елката висока 23 метри која била поставена на централниот плоштад во градот и накитена, се урнала во текот на ноќта, нема повредени во инцидентот. Просторот околу елката е ограден и се расчистуваат скршените гранки и лампиони од елката.

Најавено е дека за два дена ќе биде поставена нова елка на плоштадот.

Според истрагата елката паднала зошто попуштила металната конструкција на која стоела елката, а во текот на ноќта имало невреме и силен ветар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1