ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА: Мајка и три деца загинаа, возач ги смачка додека играше на мобилен (ВИДЕО)


Мајка и три нејзини деца загинаа на самото место кога повеќетонски камион целосно им го здроби возилото во кое се наоѓаа. Камионџијата се заби директно во колоната возила, убивајќи ги жената и трите деца во автомобилот кој буквално го сомеле.

Триесетгодишниот камионџија беше загледан во својот мобилен телефон. Кога го виде автомобилот пред себе веќе беше доцна за кочење.kamiondzija2-640x362

Трагедијата ја видел таткото на децата, кој се наоѓал во друг автомобил во близина. Тој не можел да им поверува на своите очи дека неговата сопруга и децата, (едното на возраст од 13 години, а две 11 години) загинуваат под тркалата на тешкото возило кое го дроби нивниот автомобил.

Настанот, како што објави „Дејли Меил“, се случил во август годинава на еден од автопатите во Велика Британија, во близина на градо Њубури. Возачот на камионот бил по потекло од Полска.

Тој се изјаснил за виновен во целата таа ситуација, по што од страна на судот бил казнет со десет години затвор. Сепак, таткото и роднините на загинатите сметаат дека казната е премала.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1